[ВИДЕО] Неверојатна снимка: Женка кит раѓа, другите ѝ помагаат

Макфакс

28/03/2026

10:06

608

Големина на фонт

а а а

Научници од организацијата Project CETI снимиле редок момент – породување на женка кит кај островот Доминика, пренесе Гардијан.

19-годишната женка по име Рауна била опкружена со други женки кои активно ѝ помагале за време на породувањето – што е исклучително ретко во животинскиот свет.

Породувањето траело околу 34 минути, а веднаш по раѓањето другите китови го оттурнувале младенчето кон површината за да може да земе воздух.

Истражувањето покажува дека ваква помош при породување од несродни единки е многу ретка и досега речиси непозната кај не-примати.

Научниците забележале и промени во комуникацијата на китовите, што укажува на координација и заштита на младенчето.