Десертите со чоколадо и кафе се многу популарни во текот на летото, а покрај тоа се многу кремасти и освежителни.
Овој десерт е одличен избор затоа што не ви е потребна кора за него, туку за основа ќе ви бидат потребни бисквити.
- 1 пакетче бисквити или чоколадни бисквити по желба;
- 230 милилитри топла вода;
- 240 милилитри слатка павлака;
- 1,5 лажичка инстант кафе;
- 30 грама шеќер во прав;
- 30 грама какао во прав;
- Рендано чоколадо.
1. Помешајте ја слатката павлака со шеќерот во прав и какаото, па матете додека не добиете поцврста смеса. Ставете ја во фрижидер.
2. Прелијте го кафето со топла вода, добро измешајте го и оставете да се излади 10-15 минути.
3. Земете ги бисквитите, намачкајте ги со кафето, па распоредете ги на дното од калапот за торта. Потоа со лажица повторно додадете им од кафето.
4. Над нив ставете го филот од слатката павлака.
5. Наредете уште еден слој со бисквити и повторно повторете ја постапката.
Погледнете го процесот на подготовка во видеото: