Време е за есенска комбинација на здолниште и патики

Fashionel.mk

23/08/2023

18:00

7.455

Големина на фонт

а а а

Здолништата ги сакаме, а и патиките исто така. Првите поради слободата и елеганцијата што ја носат, вторите за комфорот и сигурниот чекор каде и да одиме.

И кога ќе посакаме да ги споиме заедно добиваме одлична комбинација којашто го има сето она што ни треба за совршен стајлинг.

Без разлика на годишното време здолниште и патики можеме да носиме секогаш кога приликата дозволува.

Сепак есенскиот период е можеби најдобар да се искомбинираат овие две парчиња.

Најчесто тоа се широки здолништа во макси или миди варијанта, но може да направиме спојка и со поинаков модел доколку правилно изиграме.

Затоа ви подготвивме мал фото водич којшто ќе ви даде неколку идеи за есенски стајлинг со патики и здолниште.