5 нешта кои Финците ги прават поинаку од нас: Еве зошто тие се најсреќните луѓе на планетата, а парите не се една од причините

Точка

16/08/2023

19:08

7.112

Големина на фонт

а а а

Кога станува збор за среќата, добро е познато дека скандинавските земји редовно постигнуваат високи резултати во анкетите за квалитетот и задоволството во животот.

Всушност, Финска го држи првото место на листата на најсреќни земји на Светскиот извештај за среќа, 6 последователни години – дури и кога земјата се соочува со студено време, долги зими и без дневна светлина во одредени делови од годината.


Според експертите за ментално здравје, дури и со овие навидум лоши работи, финските жители успеваат да напредуваат кога е во прашање нивното задоволство од животот – од безброј причини.

Голем дел од ова е затоа што Финска има воспоставено системи кои ги прават аспектите од животот помалку стресни – образованието главно е бесплатно, слободното време е во изобилство и здравствената заштита е загарантирана.


Надвор од овие системи, сепак, постојат навики и верувања кои ги имаат Финците, а им помагаат редовно да го обезбедуваат првото место на листата на Светскиот извештај за среќа.

Во продолжение, финските експерти за ментално здравје споделуваат зошто мислат дека луѓето во оваа земја се посреќни и како можете да користите некои од нивните „алатки“ за среќа.

Тие не ги кријат своите емоции

На прашањето „како си“, многумина ќе одговорат „добро“, дури и ако не се чувствуваат така. Во Финска, сепак, има многу помалку задолжителна позитивност. „Постои поголема толеранција да се каже „не е во ред“ или „не се чувствувам добро“, изјавила Мери Ларивара, директорка за стратешки работи во „Mental Health Finland“.


Балансот помеѓу работата и приватниот живот е приоритет

Додека луѓето во Финска работат напорно, нивното работно време е генерално разумно, што значи дека повеќето луѓе имаат добар баланс помеѓу работата и приватниот живот.

„Тоа ви дава време да се опуштите во секојдневниот живот и да се грижите за себеси“ рекла Ларивара.

Јухо Саари, декан на факултетот на Катедрата за општествени науки на Универзитетот Тампере, додал дека повеќето луѓе не патуваат далеку до работните места, што исто така придонесувало за нивното ниво на среќа со работата и количината на слободното време што го имаат во денот.


Поминуваат често време во природа

Луѓето во Финска можат да ја користат речиси секоја шума, езеро и брег бесплатно. Тоа значи дека активностите како кампување, берење бобинки, пливање, планинарење, јавање и скијање се бесплатни на овие јавни површини.

Постојат студии дека природата всушност го намалува стресот и тоа е исто така поврзано со среќата – доколку имате помалку стрес, полесно е да бидете среќни.

Прошетката во блискиот парк може да ви помогне да го примените овој фински совет за среќа.


Се охрабрува учењето нови вештини

Ова не мора да значи учење на нов јазик или работна задача, тоа може да бидат поедноставни задачи како испробување на нов рецепт или посетување на час по едрење. Финска има голем број на здруженија каде што луѓето можат заедно да се занимаваат со хобија – од вежбање до часови по грнчарство.

Тој изјавил дека овие здруженија се евтин за приклучување и сè уште им овозможувале на луѓето да учат нови работи.


Во Финска, луѓето доживуваат чувство на задоволство, а не огромна среќа

„Доколку одите повеќе одите кон емотивното искуство на среќата, претпоставувам во културолошка смисла во Финска, среќата не ја претставува таа многу интензивна емоција на среќа“, изјавила Ларивара. „Нашиот концепт повеќе наликува на континуирано чувство дека сте задоволни од вашиот живот и она што го имате. Тоа е повеќе чувство на тишина“, објаснила Ларивара.


„Значи, можеби е полесно да се биде среќен на тој начин, отколку ако постојано барате интензивни чувства и интензивни искуства на среќа“, додала таа.

Наместо да барате еуфорија, можете да се обидете да барате работи во вашиот живот што ве прават да се чувствувате задоволни – како шолја добро кафе или возење во својот автомобил додека на радио оди вашата омилена музика.