Супер бабички на пат околу светот за 80 дена: Овие две пријателки ги посетиле сите 7 континенти, спиеле во хотели, а сумата на пари кои ја потрошиле е неверојатна!

Точка

14/08/2023

19:58

5.490

Големина на фонт

а а а

Ели Хемби и Сенди Хејзелип се вратиле во својот дом во Тексас по точно 80 дена посета на сите 7 континенти на светот! Со оваа извонредна приказна, тие се надеваат дека ќе ги инспирираат идните генерации да разберат дека никогаш не е доцна и дека никогаш не сте премногу стари како би искористиле сè што има светот да понуди!

Ова патување не било првото заедничко за овие две бабички авантуристки, но околината била скептична за оваа нивна идеја. Истовремено, пандемијата придонела за одложување на патувањето, а многумина се сомневале дека нивниот план некогаш ќе се реализира. Сепак, овие „ТикТок“ патувачки баби успеале да ги демантираат сите, кога во јануари се упатиле на својата прва станица – Антарктикот.


Сè започнало кога Сенди ѝ го предложила ова необично патување на нејзината долгогодишна пријателка Ели, по повод нивните претстојни осумдесетти родендени: „Таа ми рече: „Ели, зошто не размислиме да патуваме низ светот за 80 дена кога ќе имаме 80 години“, се присетила Ели во едно неодамнешно интервју.

И иако пандемијата Ковид-19 ги принудила овие две пријателки да го одложат нивниот план откако наполниле 80 години, тие две сепак го започнале своето патување на 11 јануари 2023 година, тргнувајќи од своите домови во Далас, Тексас, на нивната прва дестинација, Антарктикот.



Оттаму, за само 80 дена, двете тргнале во обиколка на светот, која вклучувала набљудување на северната светлина во Лапонија на Северниот Пол, потоа пустината во Африка и големите антички градби на Рим.

Пријателките, кои се запознале во Замбија пред 23 години додека биле на медицинска мисија, неодамна во едно интервју изјавиле дека скромниот и добро осмислен буџет ги охрабрил да бидат во чекор со духот на вистинската екскурзија.

Просечната цена на нивните хотели по ноќ била околу 29 долари по лице. „Не сакавме удобност, сакавме авантура“, објаснила Ели за нивната одлука да потрошат помалку пари на удобностите кои би им ги овозможиле полуксузните хотели. „Не мора да престојувате во хотели на големите ланци. Во други земји, најдобрите хотели се локалните места. Тие можеби не секогаш беа хотели, туку нечии домови. Тие мали места беа најинтересни“.



Овие две баби, исто така, се возеле на санки кои биле влечени од хаските во Финска, летале високо во балон над Египет и поминале време во потрага по валаби во Австралија. Тие поминале 6 дена истражувајќи ги улиците на Бали, а 2 се подготвувале за карпестото возење со брод низ озлогласениот нерамен премин, Дрејк. За време на интервјуто, тие се потсетиле на нивното патување низ преминот, кој се смета за еден од најопасните на светот за патување со брод.

За време на нивното патување, тие се здобиле со голема популарност на платформите како „Фејсбук“, „Јутјуб“, „Инстаграм“ и „ТикТок“ додека го обиколувале секој од овие континенти.

Како напредувало нивното патување низ светот, така се зголемувал и бројот на нивните обожаватели.


Санди исто така се потсетила и на тоа колку се забавувале нивните семејства со оваа популарност која тие ја имале на социјалните мрежи. „Моите внуци постојано ми испраќаа најслатки пораки за време на нашите патувања, во кои пишуваа: „Еве како се забавува мојата баба!“, зборувала низ смеа.

„Бевме заедно постојано 80 дена и зад нас е една прекрасна и голема авантура“, додала Ели. „Тоа навистина нè направи уште поблиски отколку што бевме. Бидејќи и двете сме вдовици, ова пријателство многу ни значеше, двете имавме феноменални бракови, најдобри сопрузи на светот, а сега една во друга ја најдовме најдобрата пријателка на светот“.


Што се однесува до претстојните експедиции, Ели и Санди откриле: „Планираме уште едно патување“, раскажале со насмевка. „Имаме некои идеи за тоа каде да одиме и што ќе правиме, така што само треба да бидете во тек за следната наша авантура, бидејќи таа ќе се случи“, искрени биле двете.