Вечерва спектакл на небото: Метеорски дожд познат како Персеиди ќе се гледа ако е ведро

Макфакс

12/08/2023

14:36

2.526

Големина на фонт

а а а

Таканаречениот метеорски дожд на Персеидите кој се случува секоја година на почетокот од август е еден од најпопуларните астрономски феномени, токму поради тоа што не е потребна астрономска опрема за набљудување на дождот. Набљудувањето се врши со голо око.

Кога на овој факт ќе се додаде дека се случува во август (топли ноќи, можно е долго да се остане надвор), тогаш го добивате најпопуларниот метеорски дожд Персеиди.

На својот пат околу Сонцето, Земјата минува низ разни остатоци од комети, а кога ќе се судрат со нив, истите овие остатоци влегуваат во атмосферата на Земјата, изгоруваат и од Земјата ги гледаме како метеори или популарно познати како ѕвезди што се распрснуваат. Кога Земјата ќе наиде на најгустиот дел од овие комети, ние го нарекуваме максимум на метеорскиот дожд, односно таа ноќ е можно да се види најголемиот дел од нив за еден час, според Астрокутак Еурека.

А таа ноќ е овој викенд, помеѓу 12 и 13 август.

Метеорите се набљудуваат едноставно, но подобра глетка ќе имате ако сте надвор од осветлените градови. Метеорите ќе летаат еден по друг, а во идеални услови (целосен мрак без светлосно загадување), кои за жал се многу ретки, можно е да се видат околу 100 метеори на час.

Персеидите го добиле своето име затоа што очигледно се појавуваат на небото од соѕвездието Персеј, но во пракса нема многу правила. Можат да летаат каде било, зависи од моментот кога ќе се запалат во атмосферата, бидејќи само тогаш ги гледаме. Персеидите се третиот најинтензивен метеорски дожд, но дефинитивно прв по популарност, токму поради тоа што се видливи во лето кога е многу полесно за набљудување.