Мелони по расправијата со Трамп: Време е за враќање во нормала

Макфакс

23/06/2026

21:19

370

Големина на фонт

а а а

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изрази желба за нормализација на односите со САД по јавната расправија со претседателот Доналд Трамп, истакнувајќи дека билатералната соработка треба да продолжи без негативни последици.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека односите меѓу Италија и САД треба да се вратат во нормала по минатонеделната јавна расправија со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Немам намера да продолжам да ја разгорувам оваа расправија“, изјави Мелони во интервју.

Во петокот, Мелони го обвини Трамп дека измислил приказна за неа, откако американскиот претседател за италијанска телевизија изјави дека таа го „молела“ да се фотографира со неа на неодамнешниот самит на Г7 во Франција.

Мелони одговори дека „ниту таа, ниту Италија никогаш не молат“ и порача дека билатералната соработка меѓу Италија и САД треба да се врати во нормални рамки.

Таа нагласи дека не очекува негативни последици врз односите меѓу двете земји и оцени дека тие остануваат добри.

Спорот дополнително се заострил откако италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани соопштил дека го откажува планираното патување во САД поради навредливите изјави на Трамп.