Шест часа комисијата ги слушаше коментарите на локалните жители и групите од специјални интереси кои ја поддржуваат или се спротивставуваат на оваа одлука.
И покрај силното противење од локалната заедница и градските агенции, Комисијата за јавни комунални услуги во Калифорнија (CPUC) дозволи роботските такси од „Alphabet“ и „General Motors“ да возат низ Сан Франциско во сите часови од денот.
По донесувањето на одлуката, на роботските такси „Waymo“ и „Cruise“ им е дозволено да возат патници низ градот и дење и ноќе, за да може да им се наплати за оваа услуга.
До 100 km/h на час дури и при лоши временски услови
На „Waymo“ ќе му биде дозволено да вози со брзина до 100 километри на час и при лоши временски услови, додека „Cruise“ ќе биде ограничен на 60 километри на час и нема да смее да вози кога временските услови не го дозволуваат тоа.
Шест часа комисијата ги слушаше коментарите на локалните жители и групите од специјални интереси кои ја поддржуваат или се спротивставуваат на одлуката.
Агенцијата за транспорт и безбедност тврди дека автомобилите роботи можат да им пречат на пожарникарите, да предизвикаат сообраќаен метеж и да ги прекршат другите сообраќајни правила, а компаниите не ги откриле целосно податоците што укажуваат на тие проблеми. Затоа агенцијата побара повнимателно воведување на роботаксија.
„Cruise“ и „Waymo“, од друга страна, тврдат дека нивните роботаксија се побезбедни од луѓето возачи и дека не предизвикале смртни случаи или повреди опасни по живот во текот на милионите поминати километри.
„Alphabet“ и „General Motors“ сега имаат дозвола да работат платени такси услуги низ градот во сите часови од денот и соопштиле дека планираат да воведат повеќе автомобили. Заедно, тие имаат повеќе од 500 автономни возила веќе на патиштата во Сан Франциско.
„Cruise“ и „Waymo“ не посочиле кога би можеле да воспостават такси-услуга 24/7, но ветиле дека ќе го сторат тоа наскоро.