Според тестирањето на јутјуберот „Mrkeybrd“, „Galaxy 3 Flip5“ може да издржи преку 400.000 преклопувања пред шарката да откаже.
„Samsung“ во своите рекламни материјали тврди дека „Galaxy 3 Flip5“ може да издржи 200.000 преклопувања. Но, изгледа дека тие бројки се нешто поскромно прикажани, што докажал и јутјуберот „Mrkeybrd“ во своето тестирање.
Имено, јутјуберот по неколку дена тестирање покажал дека „Galaxy 3 Flip5“ може да преживее дури 401.146 преклопувања пред да му дојде времето да стане електронски отпад.
Тестирањето било далеку од научно, но веродостојно ги прикажало реалните услови за користење. На пример, „Mrkeybrd“ го отворал и затворал телефонот секогаш со поинаква сила и брзина, додека тоа не било случај кај тестирањата на „Samsung“.
Меѓутоа, не било се совршено до крајот на тестирањето. Шарката на „Galaxy 3 Flip5“ телефонот некаде на половина ослабела па повеќе не можела да го држи телефонот отворен на пола. И покрај тоа, телефонот и натаму можел нормално да се користи и склопува барем уште толку пати.
Јутјуберот сличен тест направил и со „Motorola Razr 40 Ultra“, кој почнал да откажува веќе на 44.000 отворање/затворање, но во целост откажал на 126.266 преклопување. Тоа можеби не би било чудно ако „Motorola“ не тврди дека шарката на нивниот телефон може да издржи 400.000 преклопувања.