Ако денес успеете да закажете за пасош и лична карта термин најрано во декември или во 2024 г.

Нетпрес

11/08/2023

15:26

7.536

Големина на фонт

а а а

Ако денес успеете да закажете термин за вадење лични документи со новото име на државата, тој сигурно ќе биде во декември или во јануари идната година.

Но, на граѓаните не им пречи тоа што толку ќе чекаат, колку што се револтирани што не можат да добијат никого кога се јавуваат во кол-центарот на телефонскиот број 072/92-92-92, додека закажувањето преку интернет страната на МВР е комплицирано и непрегледно, пишува Плусинфо.

Од МВР за порталот велат дека граѓаните чекале „5 до 12“ за да ги променат личните документи, а според нив зголемениот обем на работа е тоа што веќе со години наназад во летниот период најмногу се издаваат лични документи (лична карта, возачка дозвола и пасош).

– МВР ве известува дека не постои застој во нормалното функционирање – ниту на економскиот оператор којшто за сметка на МВР го сервисира повикувачкиот центар, односно неговите 12 повикувачки линии, ниту пак во организациските единици при Одделот за граѓански работи коишто на дневна основа примаат повеќе стотици апликации од граѓани за различните видови лични документи. Факт е дека во лето се зголемува обемот на барања за вадење лични документи, велат од МВР за Плусинфо.


Најавата на МВР дека до февруари мора да се сменат личните документи со новото име ги револтира граѓаните. Тие оправдано негодуваат дека е неразбирливо важечки документи да мора да се сменат и тоа да биде на нивен трошок. Ако е така, велат тие промената на документите треба да биде на сметка на државата, пишува порталот Република.

На телефонскиот број за закажување со часови никој не се јавува и „сите оператори се зафатени“, додека на интернет страницата на МВР најчестиот одговор што го дава е „не постои слободен термин“.

– Така е за секој термин, велат граѓаните.

Но, она што најмногу ги револтира граѓаните е фактот што на интернет страницата на МВР за закажување стои „Република Македонија“ а се бара да извадиме документи со „Северна“, пишува Република.



Спонзорирани линкови

Маркетинг