Базични деловни комбинации кога температурите се високо над 30C°

Fashionel.mk

04/08/2023

21:23

7.381

Големина на фонт

а а а

Да споите стилски со професионален изглед, кога температурите се качуваат високо над 30C° може да биде предизвикувачки.

Но, не е и невозможно да остварите компатибилен стилски и деловен, а притоа и функционален изглед, доколку ј искористите вистинската „формула".

Тоа подразбира неколку базични парчиња облека, изработени од пријатни материјали, кои може меѓусебно да ги комбинирате.

Така со неколку есенцијални парчиња облека добивате различни варијации на аутфити кои ќе ви ги решат главоболките секогаш кога температурите се високи.

Обична бела маичка по кратки ракави, елегантни панталони со висок струк, исто така и здолниште со висок струк, миди фустан со нагласена половина, бела кошула и лесен блејзер, вака изгледа базичниот деловен плакар во лето кој секако може да го надградувате со персонализирани детали со што ќе оставите простор да се даде фокус на индивидуалноста.