Како да знаеме дали имаме проблем со простатата?

Точка

03/08/2023

17:22

12.162

Големина на фонт

а а а

Статистиката покажува дека над 50% од машите на возраст над 60 години страдаат од зголемена простата. Овој голем здравствен проблем кај мажите дава многу непријатни симптоми за кои мажите не сакаат отворено да зборуваат што го отежнува процесот на скрининг, навремено откривање и поставување на дијагноза на состојбата.

Препознавањето на карактеристичните симптоми и навременото откривање на проблемот е клучно за невремено започнување на третман и превенција на компликации како што се хроничен простатитис или развој на рак, кој е 2 најчест тип на канцер кај возрасната машка популација.

Без разлика дали е поставена дијагнозата (што е секогаш препорака) или само се мачите со отежнато и зачестено мокрење употребата на додатоци во исхраната на Натуратерапи кои користат растителни екстракти со научно докажано дејство, може да ви помогне да се ослободите од непријатните симптоми и да си го подобрите квалитетот на живот.


Рани симптоми на проблеми со простатата

Најчестите симптоми кои укажуваат на проблем се:

● Зачестено мокрење, особено за време на ноќта;

● Притисок во долниот дел од стомакот;

● Тешкотии со отпочнување на мокрењето и прекини во мокрењето;

● Слаб уринарен млаз (со прекини и бавно капење на урината);

● Не можност целосно да се испразни мочниот меур;

● Чести уринарни инфекции (пропратени со печење и болка при мокрењето);

● Намалена потенција и либидо и други симптоми врзани со репродуктивното здравје на мажите.

Причини за зголемување на простатата и ризични групи

Зголемувањето или стручно - бенигна хиперплазија на простатата се јавува како резултат на промени во хормоните, пред се зголемена конверзија на хормонот тестостерон во форма на дихидротестостерон кој стимулира континуиран, неконтролиран раст на ткивото. Со зголемување на жлездата таа врши притисок од долната страна на мочниот меур и го стега мочниот канал кој минува низ неа. Како последици на овој притисок се јавува чувство и потребата за често мокрење, како и неможност лесно и целосно да истече урината од мочниот меур.


Главни ризик фактори за развој на проблем со оваа жлезда се:

● Возраста – поголема возраст значи и поголем ризик и појава на поизразени симптоми;

● Наследни фактори – семејна историја на проблеми;

● Мажи со прекумерна тежина и дијабетес тип 2;

● Мажи со проблеми со кардиоваскуларниот систем и циркулацијата.

Можни и најчести болести на простатата

Постојат повеќе заболувања на простатата, но најкарактеристични се:

● Бенигна хиперплазија – зголемување на простатата која дава многу незгодни симптоми врзани со мокрењето;

● Канцер (рак) – растот на ткивото на жлездата, доколку не се следи и контролира може да се претвори и во малигна состојба, рак кој може да биде и живото загрозувачки;

● Простатитис – хронично воспаление на жлездата кое предизвикува дополнителен оток и тешкотии со празнењето на мочниот меур. Често е предизвикано од бактериска инфекција која се развива поради задршка на урината во мочниот меур и појава на воспаление кое се проширува на околните ткива;

● Камчиња – депозити, наслаги од калциум кои се јавуваат во самата жлезда, кои иако најчесто не се опасни по здравјето, сепак може да создадат болка во долниот дел на грбот/карлицата и пирениумот.


Одржување на здравјето на простатата

Зголемената простата дава многу непријатни симптоми кај мажите и сериозно може да го намали квалитетот на живот. Затоа е добро да се прилагоди животниот стил и навреме да се преземат мерки со кои ќе се спречи или одложи растот на жлездата, кои вклучуваат:

● Балансирана исхана за одржување на телесната тежина;

● Елиминација на процесирана храна (масла, млечни производи и производи со додаден шеќер);

● Добра регулација на шеќерот во крвта (превенција на дијабетес);

● Намалување на влијанието на ксеноестрогени (синтетични хормонски десруптори од пестицидите, средствата за чистење и козметика);

● Намалување на влијанието на животинските хормони (ограничен внес на индустриски одгледана храна од животински потекло, млеко, месо или јајца).

Третман на проблеми со простатата

Сите лица кои имаат проблем со простатата, особено со нејзино зголемување потребно е да се јават на уролог и зависно од потребата и состојбата да добијат соодветна терапија. Стандардните лекови за оваа состојба обезбедуваат заштита на жлездата од појавата на рак и контрола на нејзиниот метаболизам, но за жал не успеваат да ги ослободат мажите од непријатните симптоми поврзани со мокрењето и проблемите во секојдневниот живот. Токму тука екстрактите од билки, како екстракт од нискорастечка палма, коприва, семки од тиква, калинка и други екстракти, може да помогнат да се намали проблемот, односно да се смири воспалението, да се спречи понатамошниот раст на простатата и да се олесни празнењето на мочниот меур.