Иновативната форма зајакната со новиот Flex Hinge за избалансиран дизајн и способности на квалитетна камера со уникатната FlexCam, серијата Galaxy Z обезбедува незаменливи искуства на преклоп.
Samsung Electronics Co., Ltd. денес ја објави својата петта генерација Galaxy телефони на преклоп: Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5. Водечките форми во индустријата на телефони на преклоп нудат уникатни искуства за секој корисник со елегантен и компактен дизајн, безброј опции за прилагодување и моќни перформанси. Новиот Flex Hinge го прави искуството на преклопување возможно, а истовремено нуди естетски избалансиран и цврст дизајн. Овие беспрекорни преклопливи уреди отклучуваат извонредни способности на камерата, како што е FlexCam за фотографирање од креативни агли. Со силни перформанси и оптимизирана батерија напојувана од најновиот процесор, серијата Samsung Galaxy Z ги трансформира можностите на паметните телефони - преклопени или отклопени.
„Samsung ја револуционизира мобилната индустрија со уреди на преклоп со поставување на одреден стандард и постојано усовршување на искуството“, вели ТМ Рох, Претседател и раководител на Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „Секој ден, сѐ повеќе луѓе ги избираат нашите телефони на преклоп бидејќи нудат искуство што луѓето го сакаат, а не можат да го добијат на кој било друг уред. Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5 се најновите уреди кои ја докажуваат нашата посветеност да ги задоволиме потребите на нашите клиенти преку иновативна технологија“.
Наследството за иновации и посветеноста на Samsung на категоријата на уреди на преклоп создаде неверојатно разновидни уреди. Со силна верба во потенцијалот на преклопливиот формат, поврзан со R&D и производствени капацитети од светска класа, Samsung постојано ја рафинира и оптимизира линијата на серијата Galaxy Z. Од креирање содржина на новиот Flex Window¹ на Galaxy Z Flip5 до беспрекорен мултитаскинг на Galaxy Z Fold5, оваа серија на Galaxy уреди на преклоп ги задоволува и ги надминува специјалните потреби на денешните корисници.
Понатаму, и Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5 се внимателно дизајнирани со цел да ги исполнат очекувањата за издржливост. Главниот екран е опремен со слој за дисперзија на удари и доаѓа со редизајниран заден дел за поцврст дисплеј². Заедно со поддршката за IPX8³, Armor Aluminium рамки и Corning® Gorilla® Glass Victus® 2⁴ применети и на Flex Window и на задниот дел на уредот, Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5 ја обезбедуваат заштитата што ја очекуваат потрошувачите, дополнително зајакната со Flex Hinge. Овој нов интегриран модул на шарките се одликува со структура со двојна шина, што се шири на надворешните влијанија.
Galaxy Z Flip5: Најдобра џебна алатка за самоизразување без компромиси
Galaxy Z Flip5 нуди стилско, уникатно преклопно искуство од уред помал од еден џеб, изграден за самоизразување.
Новиот Flex Window, сега 3,78 пати поголем⁵ од претходната генерација, нуди широк опсег на постоечки и нови можности. Обезбедува повеќе опции за прилагодување, вклучувајќи информативни и графички часовници кои можат да одговараат на дизајнот на лицето на серијата⁶ Galaxy Watch6 на корисникот, како и стилски рамки. Дополнително, новата Flipsuit футрола⁷ на Galaxy Z Flip5 обезбедува заштита на уредот со променлива NFC-картичка, така што корисниците можат да го усогласат дизајнот на Flex Window и дизајнот на футролата за уште повеќе опции за персонализација.
Затворен, Galaxy Z Flip5 нуди поголема употребливост од кога било досега. Од Flex прозорецот, брзо и без напор може да пристапите до корисни информации. Со Widgets, корисниците можат да го проверуваат времето, да ја контролираат репродукцијата на музика и да ја слушаат својата омилена музика со Media Controller⁸ или да ги следат најновите ажурирања на глобалната берза со додатокот за Google Finance. Можете едноставно да ги прегледате сите додатоци и лесно да се префрлате од еден на друг со активирање на Multi Widget View. Плус, лесно можете да ги проверувате известувањата и да пристапите до Брзите поставки за Wi-Fi или Bluetooth. Без никогаш да го отворите уредот, прелистувајте низ историјата на повици за да враќате пропуштени повици и одговарајте на текстуални пораки во движење користејќи Quick Reply со целосна QWERTY тастатура и видливост на историјата на пораки.
Со својот неспоредлив дизајн и форма, Galaxy Z Flip5 нуди и најразновидно искуство со камерата на еден Samsung Galaxy паметен телефон. Сликајте висококвалитетни селфи фотографии со задната камера благодарение на поголемиот Flex Window. Корисниците можат да сликаат прекрасни фотографии без раце од креативни агли со FlexCam. Брзо и едноставно можат да се гледаат и уредуваат кадрите во Flex Mode⁹. Корисниците можат лесно да прегледуваат, да го приспособат тонот на бојата или да бришат слики со Quick View на Flex Window. Кога фотографирате пријател, Dual Preview¹⁰ им овозможува да се видат себеси во Flex Window за да можат да направат прилагодувања во реално време за совршена слика. Корисниците можат да направат беспрекорна слика во движење со функцијата Super Steady што ја стабилизира камерата, додека автоматското кадрирање¹¹ гарантира дека никој нема да биде изоставен.
Galaxy Z Flip5 додава подобрувања во решенијата за вештачка интелигенција на моќното искуство со камерата, оживувајќи ја секоја фотографија. Бидете креативни, дури и при слаба осветленост, со подобрените можности на функцијата Nightography што ги оптимизира фотографиите и видеата во услови на амбиентално осветлување. Image Signal Processing (ISP) подобрен со AI го коригира секој визуелен шум што обично ги расипува сликите при слаба осветленост додека ги подобрува деталите и тонот на бојата. Дури и од далечина, фотографиите се појасни со дигиталниот зум од 10x¹².
Galaxy Z Fold5: Моќ за врвна продуктивност со голем екран
Нудејќи извонреден, голем екран и долготрајна батерија¹³ во најтенкиот, најлесниот преклоп досега¹⁴, Galaxy Z Fold5 е лесно да се носи насекаде, истовремено обезбедувајќи ги најмоќните перформанси во серијата Galaxy Z.
Galaxy Z Fold е пионер во трансформирањето на секојдневната продуктивност преку робусно искуство со голем екран, кое се разви од Multi Window¹⁵ и App Continuity¹⁶ функциите до нудење широк опсег на функции, вклучувајќи лента со задачи¹⁷, влечење и пуштање и оптимизација на апликации од трети страни. S Pen Fold Edition¹⁸ кое беше претставено во третата генерација на Fold во 2021 година, исто така е фино подесено за да овозможи супериорно искуство за пишување на Galaxy Z Fold5. Овие функции и алатки се здружуваат за да обезбедат моќна продуктивност на голем екран и да им овозможат на корисниците да ги завршат важните задачи од каде било.
Подобрената лента со задачи овозможува динамична продуктивност дозволувајќи им на корисниците брзо да се префрлаат помеѓу апликациите кои често ги користат. Сега дава приказ на до четири неодамнешни апликации за поефикасно работење. Новото подобреното влечење и пуштање со две раце¹⁹ може да ја зголеми продуктивноста при преместување содржина помеѓу апликации и екрани. Едноставно допрете и задржете ја сликата во Samsung Gallery со еден прст и користете друг прст за да ја отворите апликацијата Samsung Notes за да ја влечете и пуштите сликата. Со скриен скокачки прозорец²⁰, апликацијата може да продолжи да работи во позадина, овозможувајќи им на корисниците да гледаат видео содржини на цел екран и да разговараат со пријателите во лебдечки скокачки прозорец на страна на екранот.
Новото потенко²¹ и покомпактно S Pen Fold Edition пенкало²² го олеснува прибележувањето и креирањето во реално време, додека може поудобно да се смести во џебот. Тенката S Pen Футрола²³ е речиси иста дебелина²⁴ како обичната футрола за Fold и е достапна во различни стилови и бои²⁵ за корисниците да можат да ги носат своите S Пенкала со стил.
Помагајќи им на корисниците да направат повеќе во движење, главниот екран²⁶ од 7,6 инчи обезбедува експанзивно и непречено гледање за корисниците да можат да уживаат во омилениот филм во портрет или пејзаж димензија. Плус, максималната осветленост е зголемена за повеќе од 30%, до 1750 нити²⁷, за оптимално гледање на отворено дури и под силна сончева светлина.
Обезбедувајќи им на корисниците извонредно гејминг искуство на најголемиот екран на Galaxy паметните телефони, мобилната платформа Snapdragon® 8 Gen 2 for Galaxy²⁸ ја подобрува графиката и користи вештачка интелигенција за да овозможи динамично играње и функционалност со повеќе игри. Galaxy Z Fold5 може удобно да се справи со маратонските гејминг сесии со својот напреден систем за ладење кој поинтелигентно ја троши топлината за помалку задоцнување и без пад на перформансите.
Позитивно влијание за планетата
Samsung продолжува со напредок кон еколошката визија на компанијата да ги забрза активностите кои помагаат да се постигнат нејзините цели, вклучително и постигнување нула емисии на јаглерод до крајот на 2030 година за Device eXperience Division.
Galaxy Z Flip5 и Fold5 имаат поголема разновидност²⁹ на рециклирани материјал³⁰ од нивните претходни генерации, вклучувајќи пред-потрошувачко рециклирано стакло и алуминиум, како и рециклирана пластика, добиена од фрлени рибарски мрежи, буриња со вода и ПЕТ шишиња. Дури и хартијата што се користи за кутијата за пакување³¹ е направена од 100 проценти рециклиран материјал³².
Овие иновации се исто така намерно дизајнирани за оптимизирана долговечност. Секој уред доаѓа со пет години безбедносни ажурирања и четири генерации надградби на оперативниот систем, што помага да се продолжи животниот циклус на производот.
Достапност
Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5 се достапни во претпродажба од 26 јули кај нас. Galaxy Z Flip5 е достапен по препорачана малопродажна цена од 71.999,00 ден., а Galaxy Z Fold5 по препорачана малопродажна цена од 113.999,00 ден.
Galaxy Z Flip5 им овозможува на корисниците да се изразат со бои преку ментол зелената, графитната, крем и лаванда³³, како и низа додатоци³⁴, вклучувајќи Clear Gadget Case, Flap Eco-Coer Case, Flipsuit Case и лесна силиконска футрола со прстен за да се создаде поперсонализиран изглед.
Galaxy Z Fold5 е достапен во ледено сина, фантомска црна и крем³⁵ боја, заедно со разновидни футроли кои нудат практичност и стил, вклучително и тенка футрола за S пенкало, Clear Gadget Case, Eco-Coer case и стоечка футрола со ремен³⁶.
За да дознаете повеќе за Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5, посетете ја страницата https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z/.
Нарачајте пред сите и искористете го промотивниот период
Нарачајте нов Galaxy Z Fold5 или Galaxy Z Flip5 пред сите и станете дел од екипата на Flip со двојно повеќе меморија и со заштеда до 8.000 МКД. Промоцијата трае од 26.7 до 1.8.2023, За повеќе информации за промоцијата, посетете ја страницата https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-z-fold5-z-flip5/.
Комерцијален текст