(Видео) Заврши Галичка свадба, традиционално присутен беше и Пендаровски

Макфакс

16/07/2023

16:41

3.341

Големина на фонт

а а а

Претседателот Стево Пендаровски и сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска присуствуваа на културно-сценската манифестација „Галичка свадба“, што традиционално се одржува под негово покровителство.

Пендаровски им честита на годинашните младенци, Оливер Андреевски и Елисавета Булоска.

Дарувајќи ги со „галичка пафта“ – со мотив од галичка носија, им посака среќа, бериќет, љубов и хармонија во нивниот иден заеднички живот.

Воедно, тој упати честитки за шестдецениското негување на манифестацијата, која ги слави автентичните свадбарски обичаи и изворните песни и ора, претставува живо културно наследство и траен идентитетски белег.

„Галичка свадба“ официјално почна вчера со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот. Денеска беа одбележани традиционалните свадбените обичаи, а младенците се венчаа во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“.