(Видео) Жителите им дозволија да влезат во селото: ЕВН пуштија струја во Слупчане по 24 часа

Макфакс

06/07/2023

14:02

2.095

Големина на фонт

а а а

Екипи на ЕВН дојдоа во кумановското село Слупчане каде ја пуштија струјата која вчера ја исклучија.

Ова доаѓа по претходен договор со жителите кои имаа состанок со Електродистрибуција. Според нив, се договориле да ги плаќаат сметките на рати. Струја ќе добијат и другите четири села.

Лицата кои ја вклучуваа струјата, не беа попречувани од мештаните при приклучувањето на стујатата. Напон немало 24 часа, на што жителите беа гневни.

Дефектот во Слупчане ќе се санира за скоро време по добиени гаранции од страна на министерот за економија, кој заедно со градоначалникот на Липково се договориле со мештаните за да не ги спречуваат екипите на ‘Електродистрибуција’ да работат и да започнат со проектот за реконструкција на мрежа и поставување на нови мерни системи кои ќе овозможат точно мерење на електрична енергија“, соопшти ЕВН.

И министерот за економија изјави дека проблемот со снабдување со електрична енергија во селото Слупчане денеска ќе биде решен.

„Сите граѓани мора да плаќаат за потрошената електрична енергија, а Министерството за економија ќе помогне во секоја ситуација каде што има потреба, согласно надлежностите кои ги имаме, кажа во изјава за медиумите министерот за економија Бектеши откако поради неовластено користење на струјата од страна на мештаните настана дефект на преносната мрежа на електрична енергија во неколку села во Липковско.