Едно семејство од Студеничани ги држи другите 100 домаќинства во заложништво: Kонтролира кој ќе има струја во селото

Макфакс

06/07/2023

11:28

3.270

Големина на фонт

а а а

Два нисконапонски извода во скопското село Студеничани во моментот се без напојување како резултат на преоптоварување поради кражби и неконтролирано користење електрична енергија во тој дел од селото.

Дефектот не може да се отстрани поради едно одредено семејство, кое практично ги држи другите во заложништво, без снабдување со струја.

Според информациите на терен, семејството веќе подолго време присвоило и оградило улици на подрачје од 30-ина куќи и ги спречуваат екипите на ЕВН да го санираат дефектот.


„Неопходно е да се санира дефектот и да се реконструира мрежата за да се овозможи легално приклучување и мерење на електричната енергија. Нашата законска обврска е да им обезбедиме на сите граѓани стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија“, велат од „Електродистрибуција“ и додаваат дека вложуваат напори да се надмине ситуацијата за да не страдаат невини граѓани поради одредени лица.