4 придобивки од туширањето со ладна вода: Откако ќе го прочитате ова, студениот туш ќе ви стане секојдневие во текот на целата година!

Точка

26/06/2023

11:29

11.104

Големина на фонт

а а а

Иако ништо не звучи толку релаксирачко како топла купка по напорен ден, ладниот туш би можел да биде многу подобар за вас.

Имено, студената вода е добра за нашето здравје и убавина, а не само за утринско расонување.

Подобар сон

Иако повеќето луѓе се навикнати на топол туш или, пак, топла бања пред спиење, ладниот туш може да биде подеднакво ефикасно. Ладната вода го намалува нивото на хормоните на стресот, помага да се опуштите и побрзо да заспиете.


Ладниот туш, исто така, може да го подобри вашето расположение и да го зголеми нивото на добрите хормони, спречувајќи ја несоницата.

Губење на тежина

Ако некогаш сте се обиделе да изгубите тежина, знаете тоа колку може да биде исцрпувачки. За среќа, постојат неколку едноставни начини да се ослободите од вишокот килограми, а еден од нив е и ладниот туш.


Кога го изложувате вашето тело на ладни услови, тоа ги активира кафените масни клетки, кои, пак, генерираат топлина и ви помагаат побрзо да согорувате калории.

Посјајна коса

Доколку сакате густа и здрава коса, трошењето многу пари на скапи шампони и регенератори можеби нема да биде доволно. Нешто толку едноставно како намалувањето на температурата на водата, може да е корисно за вашата коса и да ѝ даде природен сјај.


За разлика од топлата вода, ладната вода не ја суши косата, таа ги затвора и зајакнува кутикулите на косата. Кога ја миете косата со поладна вода, таа го одржува непроменет слојот себум, а на вашата коса ѝ е потребна оваа природно подмачкана бариера, како би останала хидрирана.

Ја подобрува циркулацијата

Потопувањето на телото во ладна вода може да биде непријатно, но и закрепнувачко. Тоа е затоа што водата која е поладна од нашата природна телесна температура го поттикнува телото да „работи малку понапорно“, за да ја одржи својата нормална температура.


Редовното туширање со ладна вода, може да го направи поефикасен нашиот циркулаторен систем. Многумина изјавиле дека нивната кожа изгледа подобро, баш поради студената вода, веројатно поради подобрата циркулација. За луѓето со слаба циркулација, висок крвен притисок и дијабетес, исто така е многу корисен студениот туш.