Во Европа има се повеќе комарци кои пренесуваат опасни вируси

Точка

23/06/2023

07:13

1.771

Големина на фонт

а а а

Комарците кои пренесуваат поголеми вируси, како што се денга грозницата и чикунгуниа, се населиле во нови делови на Европа, зголемувајќи го ризикот од заразување со оваа болест, предупредуваат водечките експерти.

Европските научници соопштија дека почестите топлотни бранови, поплавите и подолгите, потопли лета создале поповолни услови за инсектите, пренесе "BBC".

Затоа, научниците повикаа на подобри мерки за контрола на здравјето на луѓето и заштита од комарци.

Без превентивни мерки извесно е дека ќе има повеќе пациенти и смртни случаи, додаваат експертите.


Во извештајот на Европската агенција за превенција на болести (ECDC) се наведува дека го следи ширењето на различни видови комарци кои можат да пренесат бројни вируси на луѓето.

Тие вклучуваат денга и зика, кои можат да предизвикаат болести со симптоми како што се висока температура, болки во мускулите, а во најлош случај, луѓето можат сериозно да се разболат.

Во извештајот на "ECDC" се наведува дека оваа година комарецот "Aedes albopictus", познат по тоа што пренесува денга и чикунгуниа, се етаблирал во 13 земји во Европа.


Според извештајот за 2022 година, имало 1.133 случаи на вирусот Западен Нил и 92 смртни случаи, што е најголем број од 2018 година, кога биле пријавени 1.548 случаи.

Се вели дека случаи се регистрирани во Италија, Грција, Романија, Германија, Унгарија, Хрватска, Австрија, Франција, Шпанија, Словачка и Бугарија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг