Лаутаро е планот Б на Реал Мадрид

Макфакс

10/06/2023

13:33

1.908

Големина на фонт

а а а

Лаутаро Мартинез вечерва ќе се обиде да му донесе нов трофеј на Интер, а финалето во Лигата на шампионите би можело да биде негов последен натпревар во дресот на Интер.

Шпанските медиуми, пред финалето, тврдат дека Аргентинецот е план Б за Реал, доколку не го реализираат трансферот на Хари Кејн.

Засега преговорите меѓу Флорентино Перез и Даниел Леви не напредуваат, Реал за Кејн нуди 80 милиони, а Тотенхем бара најмалку 115 милиони евра.

Доколку преговорите се одолговлечат, не е невозможно Перез да се сврти кон Лаутаро, тоа го тврди ноинарот Марио Кортејана.

Аргентинецот има договор до 2026 година, но Интер има одредени финансиски проблеми и во случај на добра понуда Лаутаро би го напуштил клубот.

Тогаш Интер би можел да преговара со Челси околу откупот на договорот на Ромелу Лукаку.



Спонзорирани линкови

Маркетинг