Мечка снимена на улиците во Вашингтон: Ја ловеле со часови, лоцирана во населбата Брукленд (ВИДЕО)

Точка

10/06/2023

10:55

3.817

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Вашингтон вчера после неколку часа успеала да фати мечка во населбата Брукленд, во североисточната периферија на градот, на 5,5 километри од Белата куќа.

Додека потрагата била во тек, патиштата во околните области биле блокирани, а жителите биле замолени да не излегуваат надвор, објави полицијата на Твитер.

Објавена е и фотографија од животното како стои покрај дрво во двор на улицата Френклин, а локалните жители се согласиле да ја именуваат мечката Френклин.

Мечката била забележана како се шета низ населбата, а потоа се качила на дрво. Околу 10 часот наутро се спуштила од дрвото и истрчала од видното поле.

Полицијата ги замолила граѓаните да влезат во нивните домови, а Френклин неколку минути подоцна се качил на друго дрво, а петнаесетина минути подоцна бил успешно смирен од Друштвото за спасување на животни во дворот на куќата.

Пејџ Пирсон, портпаролка на Одделот за диви животни во Вирџинија, изјавила дека мечката забележана во Брукленд „најверојатно барала храна или мајка си“.

– Претпоставувам дека едноставно се збунила, а кога сите почнале да се појавуваат, веројатно се исплашила и истрчала до дрвото – рекла таа, пренесува „Washington Post“.

Појавата на мечки во резиденцијалните области на регионот на главниот град на САД во последно време e зачестена. Извештаи за црни мечки во дворовите редовно објавуваат жители на Мериленд во областа Вашингтон, а слични инциденти се забележани и во соседна Вирџинија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг