(Видео) Нов скандал од синот на Бајден: Се појавиле фотографии од голиот Хантер со проститутки и дрога, некои од нив снимани во Косово!

Точка

09/06/2023

19:22

9.175

Големина на фонт

а а а

Синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер, деновиве ги „полни“ насловните страници бидејќи се нашол сред секс скандал. Имено, протекле илјадници фотографии на кои тој гол се забавувал со проститутки, а имало и дрога.

Имено десничарската група Марко Поло објавила речиси 9000 фотографии од лаптопот на Хантер на кои се гледало како тој се дрогира и забавува со проститутки.


Меѓу вкупно 8.864 фотографии, имало и секојдневни семејни фотографии со татко му и други членови од семејството Бајден. Фотографиите биле направени помеѓу 2008 и 2019 година на Хаваи, Кабо Сан Лукас, Косово, Кина, Лондон, Париз и Рим, пишувале „Daily Mail“, а се извадени од апликацијата MacBook Pro iPhoto на Хантер и iPhone XS, 674 слики испратени биле со текстуални пораки, 579 биле снимки од екранот, 40 од нив биле испратени преку „WhatsApp“ и 111 на други начини.



Објавувањето на овие фотографии предизвика шок кај семејството Бајден бидејќи покрај експлицитните фотографии на Хантер има и фотографии од малолетни членови на семејството.

Во април Бајден објавил дека повторно ќе се кандидира за нов мандат во Белата куќа, а овој скандал на неговиот син дефинитивно би можел да остави дамка на неговата претседателска кампања.




Спонзорирани линкови

Маркетинг