Вонредно метео од Славчо Попоски: Подгответе се за уште поголеми временски непогоди и поплави од оние во Делчево

Точка

09/06/2023

17:41

3.676

Големина на фонт

а а а

Под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, како и на голема влажна и нестабилна воздушна маса, за време на викендот, како и во текот на следната седмица времето во Македонија ќе биде многу нестабилно, на многу места со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Локално во следните дестина денови ќе наврне големо количество на воден талог (над 60/70 л/м2 воден талог). Постои нова опасност од нови големи поројни поплави. Апелираме граѓаните да бидат крајно претпазливи.


Во Скопје и околината исто така во следниот период ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината постои опасност од појава на невреме.

Температурите во почетокот на следната седмица ќе бидат во пад, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25, 26 степени во најтоплите централни и југоисточни предели.


За првиот изразен Африкански топлотен бран и понатаму ќе се изначекаме, и треба да се навикнеме на честите големи временски непогоди, како што беше случајот во Делчево, дури временските непогоди ќе бидат уште поголеми од оние кои се случија во Делчево, каде штетите од невремето се огромни.

ОЧЕКУВАЈТЕ УШТЕ ПОГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ОД ОНА КОЕ СЕ СЛУЧИ ВО ДЕЛЧЕВО И ОКОЛИНАТА! ???????

Заследете го мојот официјален инстаграм профил @slavchopoposki

Posted by Славчо Попоски - МЕТЕО Прогнозер on Friday, June 9, 2023



Спонзорирани линкови

Маркетинг