Отворен повикот за новата сезона на „НЛБ Спорт за млади“

Точка

25/09/2026

15:06

131

Големина на фонт

а а а

НЛБ Банка го отвори повикот за сезоната 2026/2027 на проектот „НЛБ Спорт за млади“, наменет за локални спортски клубови што работат со најмалку 30 деца и младинци во категории до 15 години. Клубовите од областа на фудбалот, кошарката, ракометот, одбојката и боречките вештини можат да аплицираат за финансиска поддршка до 7 октомври 2026 година.

Проектот низ годините ги поврзува младите, спортот и локалните заедници низ земјата. Досега со програмата беа опфатени над 4.000 деца од целата држава, со подеднаква вклученост на девојчиња и момчиња од различни етнички заедници, придонесувајќи кон инклузивност и меѓусебно зближување.

Со поддршка на клубовите што секојдневно работат со најмладите, иницијативата на НЛБ Банка придонесува и за создавање здрави спортски навики и развој на дисциплина, истрајност и тимски дух. Локалните клубови им помагаат на децата да останат активни, да го развиваат својот потенцијал и да го прифатат спортот како дел од здравиот начин на живот.

Пријавувањето се врши преку веб-страницата на НЛБ Банка Скопје: Аплицирајте за „НЛБ Спорт за млади“.

„НЛБ Спорт за млади“ е дел од пошироката иницијатива на НЛБ Групацијата за развој на младинскиот спорт и создавање еднакви можности за вклучување на децата, без оглед на средината од која доаѓаат.