Доколку сте под стрес, водењето љубов е совршено решение: Eве колку пати неделно би било добро да имате интимни односи!

Точка

09/06/2023

18:07

20.079

Големина на фонт

а а а

Вечното прашање, колку често интимност меѓу партнерите е доволно, како неделно, така месечно и годишно? Општо е познато дека водењето љубов позитивно влијае на бројни процеси во организмот – меѓу другото, го намалува секојдневниот стрес.

Стресот не е без причина наречен „тивок убиец“ – иако на секој од нас влијае различно, студиите покажале дека во најлош случај, може да доведе до мозочен или срцев удар.


Честопати, доколку сме вознемирени и преоптeретени, или, пак, подобро кажано нашиот мозок не престанува со размислување за најразлични ситуации, интимните односи се последното нешто што би ни паднало на ум.


Сепак, експертот за односи, Трејси Сенсбери открила дека луѓето треба да имаат многу повеќе односи, наместо да ги одбиваат затоа што се чувствуваат под стрес. Таа истакнала дека сексот доколку се практикува барем три пати неделно, може да направи „чуда“ за да се намали стресот. „Допаминот, окситоцинот, серотонинот, уште се нарекуваат и „хормони на среќата“, но тие исто така ве прават отпорни на стрес“, изјавила Сенсбери, додавајќи дека дури и мал допир „тело со тело“ може да ги активира овие хормони.


Како што истакнал овој експерт, тоа не мора да биде нужно романтично водење љубов. Може да се одвива брзо, на софата или, пак, во кујната. И секако, не мора да биде во креветот навечер, само пред спиење.


Исто така, не само хормоните можат да помогнат – повторното откривање на разиграната и забавната страна од себеси, исто така, може да го намали нивото на стрес. Многу е важно интимноста да биде дел од неделната рутина. „Можеби мислиме дека немаме доволно време за интимни односи кога сме соочени со стресни ситуации, но тие навистина се многу важни“, истакнала Трејси.


Експертите и порано ја препорачувале интимноста како начин за подобрување на здравјето на срцето, борба против инфекции, па дури и борба против почетокот на менопаузата.