Инѕаги ги разрешил дилемите за тимот на Интер што ќе игра против Сити

Макфакс

09/06/2023

16:36

2.197

Големина на фонт

а а а

Интер и Манчестер Сити утревечер ќе играат во финалето на Лигата на шампионите во Истанбул. Англискиот шампион е голем фаворит, но италијанскиот тим се надева дека може да стигне до трофејот.

Тренерот Симоне Инѕаги сигурно има план како да се му се спротистави на ѕвездениот тим на Пеп Гвардиола, а „Скај Спорт“ ги откри неговите намери.

Инѕаги по последниот тренинг донел одлука за стартните единаесетмина. И покрај несогласувањата со Босанецот, Един Џеко ќе добие предност од првата минута пред Ромелу Лукаку. Белгиецот ќе чека шанса од клупата и најверојатно ќе влезе во второто полувреме.

Во средниот ред улога на стартер ќе добие и Марсело Брозовиќ пред Хенрик Мхитарјан, а со него ќе играат Николо Барела и Хакан Чалханоглу. Мхитарјан беше стартер на сите натпревари во нокаут фазата, но само што се опорави од повреда и сега останува на клупата.

Веројатен состав на Интер: Онана, Дармијан, Ачерби, Бастони, Дамфрис, Барела, Брозовиќ, Чалханоглу, Димарко, Мартинез, Џеко.



Спонзорирани линкови

Маркетинг