(Фото/Видео) Телото на убавата девојка после 10 години пронајдено заѕидано во шпанско летувалиште: Убиецот дури сега го признал злосторството

Точка

08/06/2023

20:02

4.660

Големина на фонт

а а а

Шпанската полиција го пронашла телото на Сиборе Гагани, млада жена со албанско потекло и италијанско државјанство, која исчезнала во шпанското летувалиште Торемолинос во 2014-та година.

Посмртните остатоци на младата Албанка биле пронајдени скриени во дрвен сандак меѓу два ѕида од стан кој го делела со италијанскиот државјанин Марко Р. (45), со кого тогаш била во врска.


Марко Р. инаку на 27-мај наводно ја убил својата девојка во истиот град. Побегнал по злосторството, но полицијата го фатила и подоцна наводно го признал убиството откако ја видел фотографијата од младата жена на плакат за исчезнати лица во станицата.

? #SUCESOS #TORREMOLINOS | Este es el lugar donde la Policía Nacional, a través de un examen exhaustivo con Rayos-X, halló el cadáver emparedado de Sibora Gagani, desaparecida en 2014.


? Policía Nacional

Posted by Área Costa del Sol on Wednesday, 7 June 2023

„Користел киселина за телото да исчезне по што го заѕидал“, се наведува во соопштението на полицијата.

Инспекторите го прегледале поткровјето во кое парот живеел заедно во 2014-та година и користејќи рендгенски систем откриле дрвен сандак скриен меѓу два ѕида.

Внатре потоа биле пронајдени човечки остатоци кои биле однесени во Институтот за судска медицина поради обдукција и идентификација. Иако сè уште се чекаат резултати од ДНК тестови, делува дека работата е јасна.

Сегашните станари на поткровјето соработувале со инспекторите кои неколку пати го пребарувале станот бушејќи мали дупки во ѕидовите за да внесат камери, но безуспешно. Тоа им успеало дури во вторникот благодарение на употреба на рендген апарат.

Сибора Гагани со Марко Р. се преселила на Коста дел Сол во 2011-та година. Исчезнала на 7-ми јули 2014-та година набрзо откако ја прекинала врската со него. Имала 22 години. Од тогаш нејзините роднини, кои живеат во Италија, не знаеле ништо за тоа каде се наоѓа. Марко Р. тврдел дека девојката одненадеж заминала без да каже каде оди.

Истрагата за нејзиното исчезнување продолжила пред неколку дена откако Марко Р. наводно неколку пати ја избодел својата сегашна партнерка во друга куќа во Тормемолинос. Соседите повикале полиција откако слушнале гласна расправија, а полицијата го пронашла телото на жената и започнала потрага по Марко Р., кој е пронајден и уапсен шест часа подоцна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг