(Фото) Дебитираше најбрзото „Volvo“ во историјата: До стотка за 3,6 секунди

Точка

08/06/2023

18:44

14.886

Големина на фонт

а а а

„Volvo“ во средата претстави нов сосема електричен компактен „SUV“ „EX30“, кој ќе се продава по почетна цена од околу 36.000 евра.

„EX30“ доаѓа со три опции на погон и два различни типови на батерии, обезбедувајќи атрактивна влезна цена, со опција за проширен досег која нуди досег до 480 километри меѓу полнења.

Овој мал премиум „SUV“ е најстартното „Volvo“ досега, достигнувајќи 100 км/ч за само 3,6 секунди. Истовремено, неговата батерија може да се наполни од 10% до 80% за околу 25 минути.


Според произведувачот, „EX30“ има најмал „јаглероден отпечаток“ од сите возила на „Volvo“.

„Сосема електричниот „EX30“ би можел да биде најмалиот „SUV“ некогаш, а тоа е голема работа за нашите купувачи и голема работа за нас како компанија“, рекол извршниот директор Џим Роуен во соопштението на медиуми од „Volvo“.


Инаку, на купувачите ќе им биде понудена верзија со еден (200 kW) и два (315 kW) електромотори.

Автомобилот исто така доаѓа опремен со нова генерација функции „Park Pilot Assist“, која функционира на сите типови паркинг места.

„EX30“ исто така ќе биде достапен во „Cross Country“ варијанта следната година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг