(Видео) Дошол со љубовницата на стенд-ап настап и седнал во првиот ред – набрзо зажалил

Точка

08/06/2023

14:47

5.743

Големина на фонт

а а а

Пред неколку дена на официјалниот ТикТок профил на стенд-ап комичарката Џесика Кирсон е објавено видео во кое еден гостин на нејзиното шоу признава дека има љубовница.

Видеото набрзо стана вирално.

Имено, мажот кој за себе рекол дека е адвокат, седел во првиот ред заедно со женска личност. Џесика го прашала со што се занимава и колку долго се во врска, а девојката веднаш одговорила: „Не сме во врска, тој ми е шеф“.

„Поради тоа не сакав да седам напред“, веднаш рекол адвокатот, на што комичарката му рекла: „Никогаш повеќе нема да ги видиш луѓето кои се овде“.

Поради камерите кои биле на нејзиниот настап за да има материјал за објавување на социјалните мрежи, Џесика го прашала мажот дали смее да ги објави на ТикТок.

Тогаш мажот ја изразил својата загриженост бидејќи жената со која бил на тоа шоу била всушност негова љубовница.

„Имате афера и седите во прв ред? Ова е мојот главен кадар. Камерата те снима. Морам да го користам овој агол на снимање за својот ТикТок. Не се шегувам“, рекла Џесика, а адвокатот сфатил дека е снимен со љубовницата.

На нејзиното прашање каков адвокат е, мажот рекол: „Искрен“. „Да, а јас сум анорексична“, му одговорила комичарката, додека некој од публиката дофрлил дека тој сигурно е адвокат за разводи.

„Најдобар начин да ја скриеш аферата со својата асистентка е да отидеш на стенд-ап шоу кое е популарно на ТикТок и да седнеш во првиот ред“, „Јас би го фотографирала, сопругата мора да знае“, „Како адвокат, како не се извлече? Баш лесно се откажа, како да сака да биде фатен“, се дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг