Jавната тајна на рестораните: Тоалетот не е единственото валкано место, обратете внимание на следниве предмети!

Точка

08/06/2023

12:39

4.336

Големина на фонт

а а а

Луѓето кои често посетуваат ресторани, би се изненадиле од „хигиената“ што ја „кријат“ одредени предмети во угостителските објекти. Иако првата помисла би била како тоа е тоалетот, би се изненадиле дека има и други места во рестораните кои се легло за размножување на бактерии.

Сетот за сол и бибер


Соларниците за зачини се место каде се собираат многу бактерии. Микробиологот Чарлс Герба, од Универзитетот во Аризона, објаснил дека бактериите „сакаат“ бибер, а исто така истакнал дека угостителите ретко ги миеле овие садови.

Парчиња лимон

Глобалната студија на „Journal of Environmental Health“ докажала дека во два од секои три ресторани во светот, лабораториски тестираните парчиња лимон биле прекриени со бактерии кои предизвикувале болести, вклучувајќи и фекални бактерии. Затоа, добро би било да ги избегнувате лимоните во рестораните.


Прибор за јадење

Иако приборот за јадење се мие по секоја употреба, бактериите можат да „преживеат“ при рачното перење. Докторката Дона Дуберг навела дека честичките од бактерии се резистентни на различни методи на перење садови, но дека во омали количини овие бактерии не се опасни.


Мени

Луѓето често ги допираат менијата пред да ги измијат рацете во ресторанот. Директорот на „Kaivac“ – компанијата за апарати за чистење, Мет Морисон, изјавил дека гостите треба да користат средство за дезинфекција на рацете по користењето на менито, бидејќи менијата може да содржат до 185.000 бактерии на квадратен сантиметар.


Столчиња за хранење бебиња

Еден од најзагадените предмети во ресторанот се детските столчиња. Имено, „Huffington Post“ објавил дека „Тестовите направени на бебешките столчиња во 30 ресторани откриле големо количество на бактерии“.


Доколку сепак не сакате да ги избегнувате угостителските објекти, најдобрата опција е секогаш при рака да имате средство за дезинфекција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг