(ВИДЕО) Историска егзибиција на генијалниот Јокиќ: Вакво нешто никој не направил во НБА финале

Дерби

08/06/2023

09:40

5.934

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ продолжува да пишува историја од натпревар во натпревар, па сега стана првиот играч во историјата на НБА финалињата кои завршил еден финален натпревар со над 30 поени, 20 скокови и 10 асистенции.

Генијалниот Србин имаше историска егзибиција во Мајами и го врати загубениот брејк на Денвер, а притоа имаше голема поддршка и од својот најдобар сојузник, Џамал Мареј.

Покрај историјата на Јокиќ, за нестварен податок се погрижи и Мареј, бидејќи тие двајцата стана првите соиграчи во историјата кои оствариле трипл-дабл со над 30 поени, 10 скокови и 10 асистенции.

Што се однесува до третиот натпревар во финалната серија, главната разлика ја видовме во третата четвртина во која Јокиќ и Мареј го предводеа Денвер до двоцифрена предност, која потоа не ја испуштија до самиот крај за конечни 94:109.

Јокиќ го заврши мечот за предност од 2:1 на Нагетси со 32 поени, 21 скок и 10 асистенции, додека Мареј забележа 32 поени, 10 скокови и исто толку асистенции. На спротивната страна, Џими Батлер беше најефикасен со 28 поени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг