(Видео+Фото) Прага како воена зона: Жесток судир меѓу навивачите на Фиорентина и на Вест Хем

Макфакс

07/06/2023

20:14

1.881

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Фиорентина и Вест Хем Јунајтед од 21 часот го играат финалето на Конференциската лига во „Еден“ арената во Прага, а во градот се судрија две навивачки групи.

Приврзаници на италијанскиот тим нападнале приврзаници на англискиот тим во бар во центарот на Прага, соопшти чешката полиција.

Тројца навивачи на Вест Хем и еден полицаец се повредени, додека 16 лица се приведени.

Истрагата е во тек, а повеќе детали не се соопштуваат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг