Фабрицио Романо: Меси ја напуштa Европа и ќе игра во МЛС во тимот на Бекам, ќе ја објави одлуката за неколку часа

Точка

07/06/2023

20:11

2.027

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси, легендата на Барселона, светскиот шампион со Аргентина и до неодамна фудбалер на Пари Сен Жермен, дефинитивно кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС лига.

Меси размислуваше меѓу понудите од Саудиска Арабија, враќање во Барселона или одење „преку барата“ во МЛС, но според многумина, најдобриот фудбалер на 21 век, а можеби и на сите времиња, донесе одлука да игра во Соединетите Американски Држави и ќе игра за Интер од Мајами, кој е во сопственост на Дејвид Бекам, еден од најдобрите британски фудбалери на сите времиња.

Оваа информација ја потврди и најдобро информираниот новинар кога се во прашање фудбалските трансфери, Фабрицио Романо.


„Лионел Меси во Интер од Мајами, одиме! Одлуката е донесена, а Лео ќе ја соопшти во наредните часови. Меси ќе игра во МЛС. Нема повеќе шанси за Барселона, и покрај обидите да го вратат назад“, напиша Романо.




Спонзорирани линкови

Маркетинг