(Видео) Снимката од куче кое гордо носи стап станала вирална, погледнете зошто

Точка

07/06/2023

19:41

5.241

Големина на фонт

а а а

Видеото кое прикажува многу среќно куче кое трча во шума и гордо носи огромен стап станало вистински хит на социјалните мрежи.

„Толку брзо. Толку елегантно. Толку добро момче“, стои во описот на видеото кое е прегледано речиси четири милиони пати.

Снимката за помалку од една недела собрала речиси 630.000 лајкови, а воодушевените корисници на ТикТок не престануваат да ја коментираат урнебесната глетка.

„Најсилно куче во целата шума“, се пошегувал еден корисник, а друг забележал: „Толку е горд на себе“.

„Па тоа е навистина голем стап“, „Импресивно“, „Ова ме насмеа до солзи“, се само некои од бројните коментари под видеото.




Спонзорирани линкови

Маркетинг