Баерн Минхен имаше турбулетна сезона во која на крајот сепак успеа да освои трофеј и тоа во домашниот шампионат каде во последното коло се лизна нивниот најголем ривал Борусија Дортмунд, а тие го искористија тоа со победа над Келн и тоа со гол во 89 минута.
Баварците веднаш направи промени и екпресно се откажаа од оперативците Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ, но сега ќе има чистка и во екипата, поточно тренерот Томас Тухел состави листа на играчи од кои е подготвен да се откаже.
Истата ја предводи Садио Мане кој пред само една година пристигна од Ливерпул, ама не се прослави на „Алијанц Арена“. Според „Билд“ на списокот се уште Лерој Сане, Серж Гнабри, Буна Сара, Александер Нубел, Марсел Сабицер и Бенжаман Павар.
Исто така има шпекулации за Лукас Ернандес и Леон Горецка, играчи кои се интересни за други клубови што значи дека германскиот шампион го оечкува бурно лето во кое дефинитивно ќе стигнат и засилувања.