(Видео) Глума вредна за Оскар и 22 милиони прегледи: Оваа верверица мајсторски се преправа дека е мртва

Точка

07/06/2023

15:32

5.451

Големина на фонт

а а а

На Твитер е објавена урнебесна снимка од една летечка верверица. Видеото започнува со верверицата која трча низ кујната и ја турка метлата која стои потпрена на ѕидот. Откако нејзиниот сопственик ќе ѝ се развика, започнува вистинската претстава.

Верверицата се протнува под рачката од метлата, ги шири „сите четири“ и глуми дека е мртва. Убиецот, судејќи по сè, е метлата. Верверицата го инсценирала местото на злосторството така што во повеќе наврати ја местела метлата за да биде точно над нејзиното тело.

Животното повеќепати погледнало во сопственикот за да види дали ќе го забележи „страшниот злочин“, а луѓето се воодушевени од оваа урнебесна глума. Видеото за 3 дена доби повеќе од 22 милиони прегледи.

„Добитничка на Оскар“, „Долго време не сум се смеела вака“, „Како смешно проверува дали сопственикот ја гледа“, „Ова е можеби најдоброто нешто кое сум го видела на интернет“, „Сега сакам ваква верверица“, се дел од коментарите под виралната снимка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг