Го подобрува помнењето и ги регулира хормоните: Многумина се колнат во овој зачин, а е прилично достапен

Точка

07/06/2023

14:41

13.084

Големина на фонт

а а а

Постојат многу нешта кои можеме да ги направиме за да го подобриме нашето когнитивно здравје, но првиот чекор започнува во кујната.

Давањето приоритет на здравата исхрана која ги вклучува сите хранливи материи гарантира успех. И додека внесот на доволно протеини, влакна и јаглехидрати е важен, многумина ги занемаруваат придобивките од зачините. Како што е утврдено, некои зачини имаат антивоспалителни својства и можат да направат чуда за нашето здравје. А помеѓу нив се истакнува циметот, кој може да го подобри помнењето и расположението.


Според персоналниот тренер Џоани Вен, циметот е една од најдобрите опции поради многу причини. Освен што е вкусен и одлично одговара со слатки јадења, тој може да ја поттикне работата на метаболизмот.

„Редовната консумација на цимет може да го подобри помнењето, да ја зајакне менталната будност и чувството на пријатност. Со други зборови, одлично го поттикнува нашиот мозок“, објаснува Вен.

Тоа се случува благодарение на цинамалдехидот, кој на овој зачин му го дава специфичниот вкус.


„Циметот исто така помага во намалување на воспалението во телото и ги регулира хормоните на стрес. Тоа е важно бидејќи воспаленијата во мозокот можат да доведат до проблеми како депресија и губење на помнењето“, истакнува Џоани.

Циметот можете да го додадете во кафе, чај или варено вино, како и во јогурт или овесна каша. Може да се додаде во колачи, штрудли, палачинки или смути – можностите се навистина бескрајни.

„Со вклучување на овој здрав, но вкусен зачин во вашата секојдневна исхрана, брзо ќе забележите подобрување на менталната острина и расположението“, заклучува Вен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг