Последиците од големото пробивање на браната во Украина во вторникот веројатно ќе бидат полоши отколку што биле претставени во моделот за холистички пристап за процена на ризик и управување со катастрофи создаден минатата година, изјавиле инженерите.
Масивната брана од советската ера на реката Днепар, која ги дели руските и украинските сили во јужна Украина, била оштетена во вторникот, што предизвикало поплави во воената зона. Браната висока 30 метри и долга 3,2 километри била изградена во 1056 година на реката Днепар како дел од хидроцентралата Каховка.
Резервоарот го снабдува со вода и полуостровот Крим, кој Русија го анектирала во 2014 година, како и нуклеарната централа Запорожје, која исто така е под руска контрола.
Проруските власти соопштиле дека 22.000 луѓе во 14 населени места во јужната украинска област Херсон биле во опасност од поплави и наредиле евакуација, додека украинскиот премиер Денис Шмигал изјавил дека 80 населени места биле во oпасност од поплави. Откако се појавиле снимки од вода која пробива од браната и ја поплавува околината – вклучувајќи ја и Нова Каховка, каде што се наоѓа и блискиот град Херсон – на друштвените мрежи почнале да се појавуваат анимирани мапи кои биле создадени минатиот октомври од шведски инженери од компанијата „Damningsverket“.
Иницијалното сценарио веќе било „тешко“. Тогаш се предвидувало дека бран висок до 5 метри ќе стигне до градот Херсон – најголемото населено место кое се наоѓало на околу 30 километри западно од браната, за 19 часа, според моделот „Damningsverketa“, пишувал „Инсајдер“.
Членот на главниот Совет на воено-граѓанската администрација на регионот Запорожје, во вторникот изјавил дека во текот на ноќта нивото на водата во Нова Каховка брзо опаѓала по експлозијата на браната и сега изнесувало 35 сантиметри на час. Потоа додал дека нивото на водата паднало за 2,5 метри, а се очекувало да падне и до 7 метри, како последица од експлозијата во хидроцентралата Каховка, пренел „Ројтерс“.
Дополнителна мапа покажала моделирање во случај на три различни размери на пробивање, секоја означена во различна боја:
Хенрик Оландер Хјалмарсон од „Damningsverketa“, кој го создал моделот, рекол дека тоа е „груб“ обид кој докажано бил погрешен и дека реалната ситуација ќе биде многу полоша. „Вистинското пробивање на браната изгледа полошо од сценариото кое го моделирав, поради повисокиот водостој во резервоарот отколку што очекував“, раскажал тој за „Инсајдер“.
Според „Њујорк Тајмс“, нивото на водата во резервоарот достигнала 30-годишен максимум и водата почнала да преминува над врвот на браната, што предизвикало загриженост од поплави неколку недели пред да биде уништена браната во вторникот. Магазинот додал дека портите кои го контролирале протокот на вода низ браната се под контрола на Русија. Украина соопштила дека браната е уништена од Русија, додека Кремљ го обвинил Киев за саботажа.
Хјалмарсон изјавил дека она што се случило е огромна катастрофа. „Многу сум тажен што Русите го направија ова. Претпоставките што ги моделирав се потценувачки“ изјавил тој. Покрај поплавите на околните области, најмалку 150 метрички истекле во водите на Днепар, како резултат на експлозијата на браната на ХЕ Каховка, соопштиле од Киев.
Членовите на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, соопштиле дека најмалку 150 метрички тони моторно масло се излеале во Днепар и постоел ризик од дополнително истекување на повеќе од 300 метрички тони. Украина ја обвинила Москва за „екоцид“. Браната се наоѓа на реката Днепар во рамките на хидроелектраната Каховка во регионот Херсон. Престолнината на регионот, градот Херсон во близина на Црното Море северозападно од полуостровот Крим, се смета за стратешка, бидејќи обезбедува дел од копнената врска меѓу Крим и сепаратистичките ентитети во Донбас. Украина повикала на итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите Нации на кој би се разговарало за „рускиот терористички напад“ на браната Каховка во јужна Украина.