Официјално – ќе биде снимен трет дел од филмот „Terrifier“. Веста ја соопштила дистрибутерската куќа „The Coven“ која потврдила дека третиот дел ќе има поголем буџет од претходните.
„Terrifier 2“ направил неочекуван успех на благајните, а писателот и режисер Демијен Леоне и продуцентот Фил Фалконе повторно работат на трет дел од филмот.
Деталите од сценариото не се откриени, но секако дека вклучуваат враќање на серискиот убиец Арта Кловн којшто го толкува Дејвид Хауард Торнтон. Лоре ла Вера исто така ќе ја повтори својата улога во филмот.
„Deadline“ пишува дека филмот би требало да почне да се снима во ноември или декември годинава, а дека потоа би бил објавен кон крајот на декември 2024 година.
Демијен Леоне открил што гледачите можат да очекуваат во третиот дел од овој хорор-филм.
„Terrifier 3 ќе биде уште еден додаток кој ги поместува границите на хорор жанрот, продолжувајќи ги бескомпромисните подвизи без ограничувања кои обожавателите на франшизата ги очекуваат. Доколку мислевте дека владеењето на теророт на Арта во вториот дел беше екстремен, вие уште ништо не сте виделе“, најавил тој.