Видео од минатото на кое се гледа како едно дете рецитира песна и плаче, овие денови стана вирално на социјалните мрежи, а оние кои го споделуваат го насловиле како „Плачете со Војо“.
Снимката настанала дамнешната 1983 година во емисијата на Милован Илиќ Минимакс, а главен актер во неа не е легендарниот водител, туку едно момче со руса коса од Куршумлија, кое ги рецитира потресните стихови од песната „Обединети деца на светот“, кои многумина овие денови ги натераа да се подразмислат.
Малечкото дете успеа да поттикне лавина од коментари на Твитер, а некои дури одлучиле и да го побараат и да видат каде е денес.
Водителот и новинар Милован Илиќ, попознат како Минимакс, работеше на многу формати на телевизиски емисии, од интервјуа со познати личности до емисии за деца.
Така во емисијата „Tebi kažem“ ги прашал децата што подготвиле од рецитации, а Војо имал искрено срце и многу поучна песна.
Како што рецитирал, стиховите станувале сè потешки за едно мало срце, а Војо започнал да плаче потресен од зборовите на песната. Солзите полни со емоции не го попречиле во понатамошното рецитирање.
„Заплака кај стихот „другите деца немаат ни чиста вода“. Многу добро ги разбрал стиховите на песната“, гласи еден од коментарите под ова вирално видео.
Вака гласи целата песна:
„Sva su deca na svetu ista
Vesela, a u duši čista.
Nisu svi jednako siti,
Iako bi tako trebalo biti.
Dok neka deca plešu i hode
Druga nemaju ni čiste vode.
Dok jedno nosi haljine nove,
drugo golo u pomoć zove.
Eh, što ne postoji neka planeta,
gde bi živela sva deca sveta?
Tu bi svak bio dobro obučen i uhranjen,
a na daleko bi se video natpis:
Odraslima je ulaz zabranjen!“.