Стотици необични објекти се наоѓаат во центарот на нашата галаксија: Научниците се сомневаат дека потекнуваат од супермасивната црна дупка!

Точка

06/06/2023

15:42

18.300

Големина на фонт

а а а

Астрономите откриле необични објекти во центарот на Млечниот пат, чие потекло сè уште не е познато.

Тие забележале стотици хоризонтални објекти, слични на жици, долги меѓу 5 и 10 светлосни години, но тие биле видливи само на радио бранови олжини. Покрај тоа, тие се чини дека се концентрирани во насока на супермасивната црна дупка во центарот на нашата галаксија.


„Бевме изненадени кога ги најдовме овие структури, кои се чини дека се во насока на црната дупка“, изјавил водечкиот автор на студијата и астрономот, проф. Фарад Јусеф-Задех од Универзитетот „Нортвестерн“ во Илиноис.

Магнетизираните филаменти се веројатно остатоци од исфрлањето од супермасивната црна дупка Стрелец А* која има интеракција со околниот гас пред неколку милиони години. Претходните истражувања покажале дека до оваа супермасивна црна дупка имало околу 1.000 долги вертикални филаменти, налик на нишки, но и огромни „меурчиња“ на енергија кои се наоѓале од двете нејзини страни, во должина од 25.000 светлосни години.


Но, за да можат астрономите да кажат нешто повеќе за нив, тие решиле да погледнат низ телескопите на Јужноафриканската радио астрономска опсерваторија и да откријат за што всушност станува збор. „Бидејќи акцентот секогаш беше на вертикалните нишки, никогаш не успеавме да регистрираме хоризонтални структури“, рекол Јусеф-Заде. „Да не беше телескопот „MeerKAT“ – тие немаше да бидат откриени“, додал тој.


За да биде работата појасна, овие филаменти биле откриени само кога астрономите ги отстраниле вертикалните нишки и ги филтрирале шумовите кои ги добиле со набљудување на позадината. Иако нивното потекло засега е непознато, се верувало дека тие се формирани на сосема поинаков начин од вертикалните – една од хипотезите е дека лентите од топла плазма се формирале пред околу 6 милиони години кога материјалот од црната дупка удрил во околните ѕвезди и гасните облаци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг