Сребренопругестата надувка (Lagocephalus sceleratus) била уловена во петокот во близина на Сплит, а пред неколку дена и во подрачјето на јужниот Јадран, соопштија од Институтот за океанографија и рибарство од Хрватска и предупредија дека нејзиното консумирање може да биде фатално.
„Овој вид содржи исклучително силен отров тетродотоксин, кој по консумирање на рибата може да предизвика тешки здравствени тегоби, а понекогаш и смрт. Ако ја уловите, ракувајте со неа внимателно и по можност избегнувајте директен контакт. Освен отровот, овој вид има силна вилица со многу остри заби, па и угризот може да предизвика сериозни повреди“, објави Институтот.
❗ OPREZ ❗
Svaki put kada se ulovi otrovna i invazivna srebrenopruga napuhača (Lagocephalus sceleratus)🐡 nastojimo vas...
Posted by Institut za oceanografiju i ribarstvo on Saturday, March 14, 2026
Иако сè уште е релативно редок посетител на Јадранското Море, од Институтот претпоставуваат дека нејзината бројност со текот на времето ќе се зголемува.
„Покрај новопристигнатата риба огненица (Pterois miles), која веќе е бројна во јужниот и средниот Јадран, како и бројните други туѓи и инвазивни видови што забрзано се шират, нашето море постепено го менува составот на видовите и добива нови обележја. Тој процес во научната литература се нарекува тропикализација на морето“, наведоа од Инстиутот и ги замолија сите што ќе се сретнат со сребренопругестата надувка да ги известат за тоа.







