Онана: Играме против најдобриот тим на светот, но финалињата…

Дерби

06/06/2023

14:20

988

Големина на фонт

а а а

Интер ги надмина сите очекувањата во Лигата на шампионите во оваа сезона, па за неколку дена ќе игра во финалето и ќе може да дојде до нов голем трофеј.

Меѓутоа на патот до таа цел ќе мора да мине преку премиерлигашот Манчестер Сити кој на хартија важи за голем фаворит во Истанбул. Во таборот на калчолигашот се свесни за предизвикот, ама во исто време веруваат во себе, своите квалитети и сметаат дека ќе има што да кажат во саботниот натпревар.

- Во сабота ќе играме важен натпревар против тимот кој е веројатно најдобар во светот, но ние сме Интер, - вели голманот Андре Онана кој признава дека не очекувал дека ќе биде во оваа позиција пред година дена.

- Животот е таков, имаш добри и не толку добри моменти и треба да се справиш со нив. Слично на тоа низ што поминавме на почетокот на годината, почнавме лошо и сега сме во финалето на Лигата на шампионите. Финалињата не се играат, тие се добиваат. Затоа што историјата секогаш памети кој победил и затоа ќе одиме во Истанбул да победиме, - порача Камерунецот кој истакна дека има одличен однос со ветеранот Самир Хандановиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг