Кер со анализа: Мареј е главата на змијата, а не Јокиќ

Дерби

06/06/2023

14:19

5.555

Големина на фонт

а а а

Мајами Хит го совлада Денвер Нагетс и израмни на 1-1 во финалната серија во НБА лигата.

„Жешките“ немаа решение за Никола Јокиќ, но затоа ги неутрализираа другите играчи почнувајќи од вториот стрелец Џамал Мареј кој уфрли „само“ 18 кошеви. Тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер заедно со Дрејмонд Грин имаа можност да направат анализа, па според нив Хит завршил клучна работа со одбраната врз плејмејкерот на Нагетс.

- Ги спомена, почнувајќи од Лав. Тоа му овозможи на Џими Батлер да го чува Мареј. Не сум разговарал со Сполстра, но можам да видам како им вели на играчите: „Мареј е главата на змијата, а не Јокиќ.

- Тој (Јокиќ) ќе доминира без разлика на се. Мислам дека во Мајами рекоа дека Мареј е тој што треба да се запре, па тргнаа со Лав и го ставија Батлер на Мареј. Многу го притискаа и навистина направија се за да го извадат од игра, - порача Кер.

Наредните две средби од финалето се играа на Флорида, првата е в четврток наутро од 02:30 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг