Клинсман предизвика скандал, во репрезентацијата повика фудбалер кој е во затвор

Макфакс

05/06/2023

18:06

2.208

Големина на фонт

а а а

Селекторот на фудбалската репрезентација на Јужна Кореја, Јирген Клинсман, направи скандал откако го повика играчот од средниот ред Jун-Хо Сон, кој моментно е во затвор во Кина.

Според планот на Клинсман, фудбалерот кој беше во националниот тим на последното Светско првенство треба да игра на пријателски натпревар на 16 јуни против селекцијата на Перу.

Сон (31) е уапсен поради примање поткуп. Претпоставката на кинеските власти е дека играчот од средниот ред на Шандонг Таишан добивал пари за местење натпревари.

Клинсман, сепак, верува дека кинеските власти ќе го ослободат Сон во следните десет дена и дека ќе може да игра против Перу.

„Не знаеме каква е неговата состојба физички и психички. Секој ден се надеваме дека нешто ќе се промени, но тоа не е во наша моќ. Тој ја има нашата целосна поддршка. Јужнокорејската федерација се обидува да го договори неговото ослободување од затвор. Досега залудно се трудиме“, изјави Клинсман.



Спонзорирани линкови

Маркетинг