(Видео) Киев го насанка Западот: Украинците ја напаѓаат Русија со оружје на НАТО

Макфакс

05/06/2023

19:31

4.437

Големина на фонт

а а а

Упадот на украинските диверзанти во регионот Белгород во Русија уште еднаш го покрена прашањето како Киев го користи оружјето доставено од НАТО, пренесува „РТ Балкан“.

Така, Зеленски ќе мора да ѝ поднесе сметка на Белгија по реакциите на белгискиот премиер Александар де Кроа кој посочи дека неговата земја ќе побара од Украина да ги објасни извештаите во кои се наведува дека во западните делови на руската територија биле користени белгиски пушки.

„Нашето Министерство за одбрана и разузнавачките агенции започнаа истрага за да се утврди што точно се случило. Европското оружје се доставува до Украина под услов да се користи на територијата на Украина, за одбрана на украинската територија. Бараме од Украинците да ја разјаснат ситуацијата“, рече Де Кроа, истовремено одбивајќи да прецизира со какви последици ќе се соочи Киев ако се докаже дека ги игнорирал договорите.

Белгија, меѓутоа, не е единствената земја што Киев ја насанкал, а „Вашингтон пост“ објави список на сите земји чија вооружена помош била злоупотребена надвор од границите на Украина.

Во упадот во Белгород биле користени најмалку четири тактички возила кои на Киев му ги дале САД и Полска, признале американски претставници.

Припадниците на Легијата за слободна Русија и Рускиот волонтерски корпус, неонацистичка единица под команда на Киев која го изврши упадот преку руската граница, ги користеле гореспоменатите белгиски пушки како и пушки обезбедени од Чешка и најмалку еден противтенковски ракетен фрлач АТ4 што го користат западните трупи.

„Американските и западните претставници инсистираат Украина внимателно да го следи оружјето во вредност од милијарди долари што пристигнало во земјата. Сојузниците на Киев во голема мера им забранија на украинските сили да користат западно оружје и опрема за напади на руска територија“, пишува „Вашингтон Пост“, посочувајќи дека неодамнешниот напад врз Русија го покажа слабиот надзор над употребата на ова оружје.

На прашањето за употребата на американска опрема за прекугранични напади, портпаролот на Стејт департментот рече дека САД не ги охрабруваат или олеснуваат нападите во Русија.

„Бевме јасни дека не ја поддржуваме употребата на опрема од американско производство за напади во Русија. Нашиот фокус е да ѝ обезбедиме на Украина опрема и обука што ѝ се потребни за повторно преземање на нивната суверена територија, и токму тоа го направивме “, рече тој.

Тој додаде дека секоја земја носи суверени одлуки за тоа каква помош ќе ѝ пружи на Украина и какви услови ѝ наметнува за тоа оружје, но посочи и дека многу други земји побарале од Украинците да го користат оружјето само за одбрана.

Политичкиот координатор на субверзивната и проукраинска Легија на слободна Русија, Илја Пономарјев, призна дека навистина има ограничувања за користење на западната опрема, но се обидел и да се оправда, тврдејќи дека станува збор за оружје кое Русите прво им го одзеле на Украинците, а потоа тие го вратиле.

Рускиот волонтерски корпус негирал дека користел западно оружје за време на нападите, но „Вашингтон пост“ ги демантирал тврдењата, ангажирајќи експерт кој ги прегледал фотографиите од Белгород и открил дека корпусот користел чешки пушки „брен“ како и белгиски јуришни FN SCAR.

Весникот наведува дека белгородската „епизода“ покренува прашања за одговорноста, како и за тоа колку САД се подготвени да го толерираат својот сојузник Зеленски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг