Канје Вест и неговата сопруга се појавиле во црква во бизарни изданија: Раперот одел бос, а таа носела морбидна креација

Точка

05/06/2023

21:33

13.527

Големина на фонт

а а а

Американскиот рапер Канје Вест и неговата нова сопруга Бјанка Ценсори не престануваат да го привлекуваат вниманието во јавноста, но едно од нивните последни појавувања ги надмина сите претходни.

46-годишниот Канје и 28-годишната Бјанка биле фотографирани при доаѓање во една црква во Лос Анџелес, а она што ги привлекло сите погледи биле нивните бизарни аутфити.


Тој носел црна маица со кратки ракави на која пишувало „полиција“ на германски јазик, хеланки и чорапи. Меѓутоа, комбинацијата на Бјанка ги остави сите без текст – била прекриена со полупроѕирна црна ткаенина со предимензиониран детаљ околу вратот, додека на нозете носела чизми со висока потпетица.


Новата сопруга на контроверзниот американски рапер денес изгледа сосема поинаку од тоа како изгледала пред врската со него, а нејзината драстична трансформација докажува дека е целосно под негово влијание, тврдат странските експерти.

Со оглед на тоа што таа ги полни насловните страници и на социјалните мрежи се водат расправи за нејзиниот изглед, тешко е да се негира фактот дека таа изгледа прилично поинаку откако се омажи за него.

Нејзин заштитен знак беа долгите кафеави локни, впечатливата шминка и густите веѓи, како и различната облека што ја носеше пред бракот.

Но, Бјанка деновиве носи кратка коса бојадисана во платинесто руса нијанса, со избелени веѓи. Таа, исто така, носи поинаква облека и се чини дека се појавува во јавноста со многу помалку шминка од порано.



Спонзорирани линкови

Маркетинг