Тимот на сезоната во Лига Европа

Макфакс

05/06/2023

16:28

1.823

Големина на фонт

а а а

Севилја, во средата, го освои трофејот во Лига Европа по седми пат во својата историја. Во Будимпешта, по изведувањето пенали, Севилја ја победи Рома.

Капитенот на Севилја, Хесус Навас е прогласен за најдобар играч во Лига Европа, а ова е четврти пат во кариерата да го крева пехарот од ова натпреварување во кое сезонава забележа три асистенции.

Во најдобриот тим на сезоната, покрај Навас, се и неговите соиграчи голманот Бону, левиот бек Маркос Акуња и Иван Ракитиќ.

Четворица играчи во тимот на сезоната има и Рома: Крис Смолинг, Паоло Дибала, Лоренцо Пелегрини и Немања Матиќ.

Покрај Севилја и Рома, уште три клуба имаат свои претставници во тимот на сезоната: Манчестер јунајтед (Маркус Рашфорд), Унион Сен Жилоа (Виктор Бонифас) и Баер Леверкузен (Џонатан Та).