Најскапиот „Golf“ распродаден во рекордно време

Точка

05/06/2023

16:31

15.727

Големина на фонт

а а а

Иако многумина негодувале поради цената, „Volkswagen“ целосната серија ја распродаде за само неколку минути.

„Volkswagen Golf“ за 76.410 евра звучи нереално, посебно кога ќе кажеме дека не се разликува претерано од претходните специјални серии.


Токму така, новиот „R333“ има сè што и „R 20 Years“, а поскап е околу 16.500 евра. И не само тоа, оваа изведба се базира на моделот „R Performance“, кој чини нешто помалку од 58.000 евра.


Најавата на „Volkswagen“ дека станува збор за „потенцијален колекционерски автомобил“ многумина ја прифатиле сериозни па сите 333 примероци се продадени за рекордни осум минути. Очигледно е дека постојат многу луѓе кои веруваат дека цената на овој автомобил драстично ќе расте во иднината.




Спонзорирани линкови

Маркетинг