Саудијците летово сакаат да донесат уште 10 фудбалски ѕвезди

Макфакс

05/06/2023

15:02

1.504

Големина на фонт

а а а

Карим Бензема го напушти Реал за да замине во Саудиска Арабија. Францускиот напаѓач за две години ќе добие 400 милиони евра, иста сума ќе заработи и Кристијано Роналдо, кој во јануари се пресели во Саудиска Арабија.

„Бензема и Роналдо се само почеток. Рамос, Ди Марија, Левандовски, Фирмино и Модриќ се исто така на листата на желби на Саудијците. Државата помогнаа да се донесе Бензема”, открива инсајдерот Флоријан Плетенберг.

Неименуван извор од Саудиска Арабија открил за АФП дека постои список со повеќе од десет фудбалски ѕвезди, од кои многумина го освоиле Светското првенство или Лигата на шампионите. Целта е мнозинството од таа листа да се внесе во лигата со помош на државата.

„Покрај тоа што ќе добијат финансиски богати понуди, тие ќе играат и во многу силна лига. Нашата цел е да склучиме поголем дел од зделките пред 11 август и почетокот на новата сезона“, тврди изворот за АФП и наведува кои играчи се вклучени.

„На списокот се Лионел Меси, Лука Модриќ, Хуго Лорис, Серхио Рамос, Жорди Алба, Серхио Бускетс, Н’Голо Канте, Анхел Ди Марија и Роберто Фирмино. Сите се слободни играчи освен Лорис кој има уште една година од договорот со Тотенхем“.

Да потсетиме, неодамна во шпанските медиуми се појави информација дека Модриќ се согласил на понудата на Саудијците од 120 милиони евра за три сезони, но набрзо Фабрицио Романо, инсајдерот за фудбалски трансфери, го демантираше тоа и откри дека 37.годишниот играч за врска ќе остане во Реал уште една година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг