10 фотографии кои ќе ве инспирираат на вашиот балкон да му додадете барем малку виолетова боја

Точка

05/06/2023

16:15

37.707

Големина на фонт

а а а

Виолетовата боја завладеа во модниот свет, ентериерот, екстериерот... Малку виолетова боја секаде е добредојдена.

Потемните нијанси на виолетова боја се како создадени за поладното доба од годината, а во текот на пролетта и летото нè привлекуваат посветлите нијанси на оваа женствена и енергична боја.

И балконите се совршено место кое можеме да го уредиме во виолетова боја, без оглед на тоа дали станува збор за цвеќиња, декоративни детали или мебел.

Виолетовите петунии или други цветови ќе бидат непогрешлив избор кога станува збор за цвеќиња за на балкон, а прекрасно изгледаат и теглите за цвеќиња со виолетова боја.

На големите љубители на виолетовата боја ќе им се допадне идејата ѕидот од балконот да го обојат во виолетова боја, да се заштитат од погледите со виолетови завеси или во своите неколку метри квадрати на отворено да стават некој друг детаљ во виолетова боја.

Виолетовата боја совршено може да се искомбинира со зелената, а контрастот на тие две бои вашиот балкон ќе го претвори во прекрасна и смирувачка оаза на отворено.

Во нашите фотографии може да пронајдете инспирација за уредување на вашиот балкон и да се уверите дека на сечиј балкон треба да има барем малку виолетова боја.

Погледнете ги фотографиите:








Спонзорирани линкови

Маркетинг